ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА ПРИЈАВА НA

ОБУКА ЗА ДИГИТАЛНИ ВЕШТИНИ
ЗА ЖЕНИ ПРЕТПРИЕМАЧКИ И МЕНАЏЕРКИ

обуката е финансиски подржана од Шведска (програма за жени во бизнис), 
а имплементирана од страна на Brainster во соработка со ЕБОР
 ќе се учи преку работа на реални и применливи примери
бројот на учеснички е ограничен на 20

За кого е наменета оваа обука?

Основниот фокус на ЕБОР во земјите каде што работи е да се справи со предизвиците на пазарот и да им даде еднакви можности на малите и средни претпријатија предводени од жени да можат да постигнат компетитивни резултати и перформанси. Обуката за дигитални вештини доаѓа како одговор на потребата од дигитализација на деловните процеси за подобрување на ефективноста и ефикасноста на работењето, преку воведување нови технологии или подобрување на постоечките.

 

Главна целна публика на работилницата се жените од малите и средни претпријатија каде што севкупната одговорност за оперативно управување ја имаат жените; или МСП каде што жените имаат целокупна одговорност за оперативно управување за компанијата и исто така поседуваат цел или дел од капиталот. Обуката има за цел да ја зголеми надежта и да ја зајакне визијата на жените претприемачи преку откривање како ИКТ решенијата можат да им помогнат во ефективно управување со нивните бизниси. Работилницата ќе послужи и како платформа за создавање формални и неформални можности за вмрежување.

Што ќе научите на оваа обука?

Разбирање на технологијата

Како технологијата може да го подобри работењето на вашата компанија

Дигитализација на процесите

Како да ги дигитализирате процесите во вашата компанија

Совладување на дигиталните алатки

Кои се дигиталните алатки кои можат да ви го олеснат работењето

Управување со промените

Справување со динамичните промени што технологијата ги носи

ИНСТРУКТОР НА ОБУКАТА

Дарјан Раденковиќ

Дарјан е професионалец со 15-годишно искуство од областа на маркетингот, дигиталните технологии и бизнис развојот. Има соработувано со голем број компании од различни индустрии на унапредување на нивните маркетинг и бизнис активности, како и на дигитализација на нивните деловни процеси.

Тој е предавач на ИТ факултетот Brainster Next, инструктор на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster и основач на агенцијата за маркетинг, стратешки комуникации и дигитална технологија „Жар Птица“.

Има креирано и оддржано преку 20 обуки поврзани со дигитални вештини на разлчни компании и организации.

што ќе учиме на обуката?
Содржина
на обуката

Обуката ќе биде прилагодена на динамиката на групата со цел да се обезбеди можност сите учеснички да го совладаат материјалот и да умеат да го употребат наученото во своите компании. За време на онлајн часовите ќе дадеме теоретска основа преку практични примери, која ќе ни помогне на Работилниците да работиме директно на дигитализација на реални процеси во компаниите. Во текот на траењето на обуката ќе се одвива постојана комуникација и координација околу процесите на кои ќе се работи во текот на работилниците, како и за други прашања кои ќе се произлезат од обуката.

Дефинирање на поимот дигитална трансформација и негово објаснување преку релевантни студии на случај, како и историски преглед на некои од најуспешните и најнеуспешните примери за дигитална трансформација и нивните импликации.

Како да испланирате и спроведете дигитализација на постоечки процес или поставување на нов комплетно дигитален процес. Како да направите евалуација кои процеси треба први да ги дигитализирате.

Ќе поминеме низ најкорисните дигитални алатки за комуникација, проектен менаџмент, деловно и канцелариско работење, маркетинг, дигитален и веб дизајн, автоматизација на процеси, анализа и визуелизација на податоци.

Работа во групи на реални процеси избрани од страна на учесничките, со цел истите да се дигитализираат и употребат во секојдневната работа во нивните компании.

Продолжување на работа на реалните процеси и презентација на резултатите пред сите учесници.

Услови за учество на обуката

што е потребно за да бидете дел од обуката

Кој може да аплицира за учество на обуката?

На обуката можат да аплицираат жени кои во моментов се на раководни или менаџерски позиции во мали и средни бизниси или жени кои имаат делумно или целосно учество во основачкиот капитал на мали и средни бизниси. 

Дали обуката е бесплатна?

Средствата за обуката, чија вредност е 900 евра по учесничка, се во најголем дел покриени со поддршка на Шведска. Поради вредноста на обуката и како гаранција за учество на истата на пријавените и избраните учеснички, секоја избрана учесничка ќе треба да уплати котизација од 50 евра пред започнувањето од обуката, средства кои се неповратни без разлика дали ќе ја посетува обуката.

Како се аплицира за учество на обуката?

На обуката може да аплицирате преку оваа веб-страница, поточно преку копчето „АПЛИЦИРАЈ ЗА МЕСТО“, по што добивате пристап до формулар со неколку прашања кој треба да го пополните. Формуларот стигнува до одговорните лица за обуката кои ќе ве информираат дали се потребни дополнителни информации и дали сте избрани за учество на обуката.

На кои датуми ќе се оддржи обуката?

Обуката е составена од два дела, 3 дена онлајн обука и 2 дена обука во живо во училница. Планирани датуми за обуката се 3, 4 и 5 мај (со почеток од 17.30ч.) за деновите кога обуката ќе се оддржува онлајн. Работилниците ќе се оддржат за време на викендот 20 и 21 мај (со почеток од 10ч. во просториите на Brainster). За евентуални промени во термините, организаторот навремено ќе ги извести учесничките.

Кои се критериумите за избор на учесничките?

Покрај исполнувањето на условите за аплицирање на обуката, главен критериум за избор на учесничките во случај бројот на пријавени да го надминува предвидениот број на учеснички ќе биде проценетиот импакт што обуката може да го има за бизнисот односно компанијата од која доаѓа учесничката.

Дали обуката може да се следи целосно онлајн?

При пријавувањето на обуката имајте предвид дека мора да сте во можност работилниците кои ќе се оддржат за време на викенд да ги посетувате во живо. Доколку не сте во можност да присуствувате во живо, тогаш препорачуваме да не се пријавувате на обуката.

Аплицирај за место на обуката за дигитални вештини за жени претприемачки и менаџерки. Бројот на учеснички е ограничен.

За компанијата Brainster

Brainster е едукативен центар бр.1 во државата според бројот на запишани студенти и според рејтингот на студентите, кој изнесува 4.85/5. Воедно, Brainster е основач на првиот применет ИТ факултет во државава, Brainster Next.

Компанијата специјализира во обуки за трансформација на кариерата и бизнисот, на кои учесниците учат преку практична работа. Специјалност на Brainster е организирање на курсеви, академии, кариерна трансформација и поврзување на талентите со иновативните компании.

Во изминатите 7 години компанијата реализираше курсеви и академии преку кои над 10.000 учесници се стекнаа со нови вештини и стигнаа чекор поблиску до кариерата која ја посакуваат. 

© All Rights Reserved 2023